Борел: Орбан оди во Тбилиси, но тој не ја претставува ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се очекува денеска да пристигне во дводневна официјална посета на Грузија, но тој „не ја претставува Европската унија“, нагласи Жозеп Борел, цитиран од француските меидуми.
Орбан „денеска оди во Грузија (. . . ) без сомнение да ја покаже својата поддршка за грузиската Влада“, рече Борел во интервју за шпанското јавно радио.
„Што и да каже Орбан за време на неговата посета, тој не ја претставува Европската унија“, додаде шефот на европската дипломатија.
Унгарскиот националистички премиер е единствениот лидер на земја-членка на ЕУ кој останува близок со Москва.
Тој е еден од ретките кој реагираше на изборниот резултат во оваа кавкаска земја, честитајќи и на партијата „Грузиски сон“ за „убедливата победа“.
Проевропската грузиска опозиција денеска повикува на демонстрации за да ги осуди објавените резултати од парламентарните избори, кои според неа биле „украдени“ од владејачката партија.
Претседателката Саломе Зурабишвили дури изјави дека станува збор за „специјална руска операција“, забележуваат француските медиуми.
„Вршителот на должноста претседател на (Европската) унија нема надлежности во областа на надворешната политика“, нагласи Борел, изразувајќи ја зголемената недоверба на Брисел кон шефот на унгарската Влада, која претседава со ЕУ во овој шестмесечен ротациски мандат.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
