Борел: Европа не е целосна без Западен Балкан

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека Европа не е целосна додека Западен Балкан не стане дел од неа и дека е неопходно да се забрза процесот на проширување, што досега предолго се одложува.
„Претходното проширување беше успешна приказна. Понатамошното проширување исто така ќе биде успешна приказна. Проблемот е што беше одложено предолго. Сега мораме да го забрзаме. Да не заборавиме дека Европа не е комплетна додека (земјите од Западен Балкан) не станат членки“, рече тој во обраќањето на Форумот на Европа по добивањето на наградата Алојз Мок.
Наградата на форумот му ја врачи министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг.
Борел истакна дека клучниот збор на првиот бран на проширување на ЕУ бил пазарот, денес клучниот збор е безбедноста.
„Нема сомнеж и верувам дека се согласуваме дека Западен Балкан е веќе дел од европското семејство, му припаѓа. Секогаш сум строг кон оние кои тврдат дека регионот е дворот на ЕУ, тоа е целосно погрешно Не сме целосни додека не бидат дел од нашите семејства и мораме да го забрзаме овој процес“, рече Шаленбегр.
Европскиот форум се одржува во Вахау, Австрија и продолжува до утре.
Ново на Сител
-

Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно
-

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел
-

Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица
-

Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
