Борел: Целосно е невозможно за 24 часа да се евакуираат милион лица од северот на Газа
Највисокиот европски дипломат, Жозеп Борел, утринава на прес-конференција изјави дека е целосно невозможна евакуацијата на милион лица од северниот дел на Газа.
Десетици илјади цивили вчера почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
-Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација како Газа може да биде само хуманитарна криза, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
