Борци на ИД урнаа руски воен хеликоптер во Сирија

Припадници на терористичката група Исламска држава урнаа руски воен хеликоптер над територијата на Сирија, при што загина двајцата негови пилоти, соопшти синоќа Министерството за одбрана на Русија.
Како што јави ТАСС, во соопштението се посочува дека хеликоптерот од типот Ми-25 бил во мисија да им помогне на сириските владини сили, кои биле нападнати од поголема група џихадисти источно од градот Палмира во централната сириска провинција Хомс.
Благодарение на дејствувањето на рускиот хеликоптер, напредувањето на припадниците на ИД било запрено, но кога леталото се враќало во својата база било погодено со истрели од земја, се додава во соопштението.
Остатоците од хеликоптерот паднале на територија под контрола на сириската армија.
Во соопштението се нагласува и дека двајцата загинати пилоти, Евгениј Долгин и Рифагат Кабибулин се предложени за постхумно наградување со највисоки државни одличја.
Со последните жртви, бројот на загинати руски војници во конфликтот во Сирија се искачи на 12.
Ново на Сител
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани проблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
-

Охриѓанец приведен за производство и дистрибуција на детска порнографија
-

190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
-

Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата
