„Борба за смрт“ на фестивал во Лос Анџелес

Краткометражниот филм „Борба за смрт“ на авторката Елеонора Венинова ќе учествува во официјална конкуренција на Фестивалот СЕЕ Фест во Лос Анџелес, Калифорнија, на крајот на април. Ќе биде прикажан на 29 април во Гете институтот, во рамки на 12. издание на овој фестивал, посветен на филмови од Југоисточна Европа.
Ова е трет фестивал за „Борба за смрт“ во 2017 година по учествата на Интернационална недела на краток филм во Регенсбург, Германија, и Кино Павасарис во Литванија.
Воедно е и продолжување на фестивалските успеси од претходната година кога освои две награди, „Златна мачка“ за втор најдобар филм во меѓународна конкуренција на Филмскиот фестивал за краток филм во Измир, Турција, и Најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција.
„Борба за смрт“ досега учествуваше на над дваесет фестивали во светот, вклучувајќи голем број квалификациски за БАФТА, Оскар и Европските филмски награди.
Парадоксалната драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село се снимаше минатото лето во мариовското село Кален. Сценариото и режијата се на наградуваната македонска филмска авторка Елеонора Венинова. Настапуваат Мите Грозданов и Илија Струмениковски, а директор на фотографија е Димо Попов. Продуцент е Гоце Кралевски, а продукција на ДНФ Филмс. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.
Ново на Сител
-

Интер се врати од негатива од 0:2 и го победи Комо во полуфиналето на Купот на Италија
-

Цените на нафтата остануваат високи и покрај продолжувањето на примирјето од страна на Трамп
-

Трамп најави продолжување на примирјето со Иран, продолжуваат блокадите на иранските пристаништа
-

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада
-

Со искази на сведоци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Променливо облачно со дожд и ветер од северен правец
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
