Борба со кучиња во тетовско, организаторите парично казнети

Борба со кучиња во месноста Бриони кај Челопек била пријавена телефонски во полициското одделение во Жеровјане вчера околу осум часот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
По добиената пријава полициска екипа излегла на увид при што било потврдено дека А.Ф.(37) и М.Е.(37) и двајцата од Челопек биле организатори и сопственици на кучињата што се бореле.
- Нарушувањето на јавниот ред и мир било фотодокументирано и двајцата сопственици и организатори на борбата ќе се соочат со соодветни поднесоци за глоба согласно Законот за прекршоци на јавниот ред и мир што изнесува од петстотини до илјада евра во денарска противвредност, рече Јосифовски.
Според полициските податоци борба со кучиња како нарушување на јавниот ред и мир во Челопек била утврдена и на 13 февруари годинава по што организаторите исто така добиле соодветни поднесоци. Во посериозни случаи борбата со кучиња може да се третира и како кривично дело измачување животни.
Ново на Сител
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
-

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина и навести потенцијално присоединување на Тајван
-

Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака
-

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија
-

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје
-

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“
