Болтон смета дека Белград и Приштина можеби се далеку од решавање на нивниот спор
Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон смета дека Белград и Приштина можеби се далеку од решавање на нивниот спор, но дека евентуалниот договор за размена на територии не треба да влијае на ситуацијата во БиХ.
– Што се однесува до Србија и Косово, доколку тие се договорат за размена на територии, во делот на преговорите со кои се решаваат сите нерешени прашања и кои би довеле до економски, дипломатски и слични односи, мислам дека веројатно ќе го поддржиме тоа однадвор, рече тој во интервју за Н1 БиХ.
Но, додава тој, тоа решение не смее да влијае на другите земји во регионот, особено не на Босна.
– Мислам дека треба да разјасниме дека билатералните решенија меѓу Србија и Косово немаат никаков ефект врз Босна, Албанија, Романија, Бугарија или која било трета страна, додаде Болтон, нагласувајќи дека таквите одлуки не можат да значат дека трета страна има право еднострано да бара отцепување.
Болтон истакна дека Белград и Приштина треба да го решат проблемот самостојно и дека му се чини дека има простор за напредок, но дека фрустрирачки е што нема напредок. Тој изрази надеж дека ќе дојде време да се реши спорот.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови