-->
-->
Боко Харам повторно го зазеде градот Босо во Нигер
-->

Исламистичката група Боко Харам повторно го зазеде градот Босо во југоисточен Нигер, по вчерашните судири меѓу групата и војниците на Нигер и Нигерија, јави БТА, повикувајќи се на изјавата од градоначалникот на Босо.
Нигерските власти изјавија дека продолжуваат да го контролираат регионот.
Боко Харам првпат го зазеде градот Босо, кој се наоѓа на границата со Нигерија, минатиот петок при нападите во кои беа убиени 30 војници од Нигер и двајца од Нигерија.
Ова беше најтрагичниот напад во Нигер, извршен од исламистичка група од април минатата година, кога најмалку 74 луѓе, вклучително и 28 цивили, беа убиени на островот Карамга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
