Боки 13: Освен Ременски и други политичари беа дел од Меѓународен сојуз

Првообвинетиот во случајот Меѓународен сојуз, Бојан Јовановски, смета дека и други јавни личности учествувале во работата на невладината организација но тие се само сведоци во постапката. Во својот воведен говор, Јовановски рече дека тој не бил единствен потписник на договорите кои ги склучувал сојузот. Објасни дека токму членството на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадиновски било пресудно за оштетениот бизнисмен Ардијан Амзовски да исплати пари за изградба на дом за стари лица.
Според Јовановски, работата на Меѓународниот сојуз ја поддржувале Оливер Спасовски и Зоран Заев.
Во судницата, Боки 13 наведе дека наводите во обвинението на неговата вина се нафрлени, паушални и недоволно истражени.
Освен Јовановски, за измама на двајца бизнисмени се обвинети уште неговиот татко, Миле Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Ерцеговиќ и Христина Блажевска.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
