Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон

Денеска во Кривичниот суд Бојан Јовановски предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во кој како првообвинет беше осуден на казна затвор од девет години.
„Оваа одредба ја користиме врз основа на прибавување на нови докази. Барањето е поднесено поради нови околности и докази кои не беа употребени во доказната постапка. Имено, во стапување на правосилноста на пресудата каде тужител беше Орце Камчев се докажа дека при побарувањата се неутврдени, и не може човек кој не сторил неправо да бара право и не се утврдени елементи за да добие статус на оштетен и да добие назад средства кој што беа неутврдени во пресудата. Денеска доставивме барање при кое треба да се утврдат нови елементи со економско вештачење кој ги приложи Орце Камчев пред граѓанскиот суд. Самото економско вештачење не кореспондира со образложението на пресудата за Рекет и исказите дадени од Орце Камчев и Ана Камчева“, изјави Бојан Јовановски.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
