Бојан Јовановски денеска повторно на распит за „Рекет“
Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба повторно да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, кој се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје.
Ова е втор исказ на Јовановски за случајот „Рекет“. Бојан Јовановски – Боки 13 на 15 јули годинава беше приведен на распит во Обвинителството заедно со второосмоничениот Зоран Милевски.
По неколкучасовниот распит Јовановски беше изведен пред Суд, каде на барање на Јавното обвинителството му беше одредена мерка притвор.
Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.
Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, која исто така, се наоѓа во притвор како третоосомничена исказ ќе дава во вторник.
Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.
Ново на Сител
-
Нови директни летови од скопскиот аеродром Скопјe до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и Ларнака
-
Приведен арачиновец, превезувал огревно дрво без дозвола
-
Уапсени лицата кои пукаа на свадба во Куманово
-
Лукашенко оди во посета на Москва
-
Приведено 33-годишно лице за превезување стока без документација
-
Обвинение за возачот кој возејќи со слепило со 99% намалена видна функција усмрти пешак минатата година
-
Косовец кој криумчарел мигранти при обид за бегство од полицијата оштетил две наплатни рампи, па излетал од патот
-
Вардар елиминиран од Лозана во Конференциската лига на УЕФА