Боинг нема нарачки за 737 МАКС во првото тромесечје
Американскиот производител на авиони Боинг забележа голем пад на нарачките и испораките во првиот квартал, а тие за 737 МАКС се сведени на нула по двете катастрофални авионски несреќи и повлекувањето на тој тип авиони од сообраќај во целиот свет.
Боинг во првите три месеци годинава забележал вкупно 95 нарачки на авиони, што е за половина помалку од истиот период минатата година.
Вкупно се испорачани 149 авиони, 19 отсто помалку отколку во првите три месеци во 2018 година. Бројот на испорачани авиони од типот 737 МАКС паднал за околу 33 отсто, со испорачани само 11 летала.
Тој авион водеше по број на нарачки се до урнувањето на „Етиопијан ерлајнс“ на 10 март, кога загинаа 157 лица. Четири месеци претходно Боинг 737 МАКС се урна и во Индонезија, при што загинаа 189 луѓе.
Анализите покажа сличности помеѓу овие две несреќи и 737 МАКС беше повлечен од сообраќај ширум светот. Боинг беше принуден да ги замрзне испораките на авионот, кој дотогаш водеше по бројот на нарачки меѓу неговите модели.
Ново на Сител
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче
-
Васил Јованов кој ја прегази Фросина повторно пред суд, овој пат за трговија со дрога
-
Партиските полицајци под лупа на внатрешната контрола
-
Мицкоски: Османи закова шајки во македонскиот идентитет, но не се откажуваме
-
Македонија и Унгарија со засилена воена соработка
-
Дали ДПА е на чекор до влез во Владата? Премиерот не потврдува