Спорт плус
27. July 2017 - 16:00

Богдановски пливаше во квалификациите на 100 слободно на СП

Македонската пливачка Анастасија Богдановски денеска настапи во квалификациите на 100 метро слободно на Светското првенство во Будимпешта. Таа го освои 33 место во конкуренција на 78 натпреварувачки. Пливачката Богдановски патеката ја исплива 56.56 секунди што е послабо време од нејзиниот и македонски рекорд 56.12 секунди постигнат пред две години на СП во Казан.
Најдобро време во квалификациите на 100 метри имаше Сара Сјостром од Шведска 53.01 секунди.
Ова за Богдановски беше втор настап на шампионатот во Будимпешта откако претходно пливаше и во квалификациите на 200 метри слободно. На првенството требаше да настапи и Марко Блажевски, но поради недостиг на финансиски средства да дојде од САД во Будимпешта иако имаше норма не настапи на првенството.