Богатството на Илон Маск за еден ден се зголеми за 32 милијарди долари
Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна 304,2 милијарди долари, според податоци на магазинот „Форбс“. Растот се должи на значителниот скок на вредноста на акциите на неговата компанија „Тесла“.
На тој начин, богатството на Маск се врати на нивото од ноември минатата година, кога за првпат надмина 300 милијарди долари.
Маск беше најбогат човек на планетата и пред подемот на „Тесла“. Сега, сепак, неговото богатство ја зголеми разликата во однос на неговиот најблизок ривал во бизнисот, извршниот директор на француската групација на компании ЛВМХ (Louis Vuitton Moet Hennessy) Бернар Арно, чие богатство изнесува 200,6 милијарди долари.
Акциите на „Тесла“ поскапеа вчера, на првиот ден од тргувањето на Њујоршката берза во оваа година, за 13,53 отсто, достигнувајќи 1.199,78 долари по акција, поради извештаите за рекордно зголемување на понудата на електрични возила во 2021 година.
Компанијата на Маск испорача 936.172 електрични возила на клиенти, што е зголемување од 87 проценти во споредба со 2020 година.
Ново на Сител
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки