Спорт плус
21. November 2023 - 21:10

Бобан Илиоски со победа од 3:0 во квалификациите на Светското во Португалија

Бобан Илиоски на Светското првенство во Португалија, во квалификации денес издвојува победа над натпреварувачот од Босна и Херцеговина, Албери Угринциќ, со 3:0.

- Боби многу паметно се бореше, не се опушташе во непотребни ризични акции, слушаше од агол се што ми се кажуваше и применуваше во целост, имаше постојана доминација над противникот и борбата ја држеше под контрола сите три рунди. Нема повреди, со Господ напред одиме до злато, изјави претседателот Дејан Митровски Урко.

Нашата натпреварувачка во кик лајт Андреа Костовска се натпреваруваше во квалификации со Лаура Фани Ковачс од Унгарија, но ја изгуби борбата.