Блуши: Хакиран телефонскиот број на претседателот Мета, ќе бараме и меѓународна истрага
Хакиран е мобилниот телефон на албанскиот претседател Илир Мета и злоупотребен со испраќање смс пораки како да се од него, информираше портпаролот Теди Блуши.
Осудувајќи го овој чин, рече дека тоа се очајни дела на оние кои ги „купиле и украле пратеничките мандати”.
-Во име на претседателот на Република Илир Мета најостро го осудувам кривичното дело злоупотреба на телефонски пораки, наводно во име на шефот на државата, од страна на некои идентификувани лица, кои според дадените податоци, деновиве испраќаа пораки со навредлива и заканувачка содржина упатена до некои граѓани. Овие очајни дела се авторство на оние кои ги купија и украдоа мандатите на пратениците на 25 април и сега тие не можат да уживаат во нив. Се извинуваме на сите граѓани кои добиле вакви пораки, изјави Блуши.
Тој најави дека ќе за овој случај ќе побараат и меѓународна истрага.
-За овој криминален скандал за злоупотреба на телефонскиот број на претседател на Републиката ќе побараме итна и меѓународна истрага, затоа што доколку нашите институции беа функционални никој не би се осмелил да изврши толку луди и законски казниви дела што би можеле да ги загрозат националната безбедност на Република Албанија, земја членка на НАТО, додаде тој.
Според него, пораки со различни содржини, на незадоволство од начинот на кој тие постапувале на овие избори, главно биле испратени до пратениците на опозициското Движење за социјалистичка интеграција и на Демократската партија.
-Откако пратениците вратиле одговор, сфатиле дека тоа не е порака испратена од самиот претседател, туку дека неговиот службен личен телефонски број е хакиран, посочи Блуши.
Ново на Сител
-
Изборен ден во Струга
-
Гласање во Охрид
-
Избори во Крушево и Долнени
-
ДИК бележи зголемена излезност
-
Веќе пет дена хируршките клиники функционираат со затворени сали
-
Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот
-
Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром