Блуши: Доколку се смени Уставот, претседателот со народот ќе влезе во Собрание

По најавите од страна на владејачкото мнозинство во Албанија, дека ќе го сменат Уставот во надлежностите за давање заклетва кај шефот на државата, реагираше Теди Блуши, портпарол на претседателот Илир Мета.
Тој најави дека доколку се случи тоа „претседателот ќе биде во Собрание заедно со народот“.
– Во врска со најавата неуставнот Парламент да одлучи да ги одземе уставни ингеренции на претседателот, единствената легитимна институција во државата, сакам да ве информирам дека истиот ден кога тоа ќе се случи, претседателот ќе биде присутен таму, но заедно со албанскиот народ, напиша Блуши на својот „Фејсбук“ профил.
Иницијативата за смена на уставот мнозинството ја почна на вонредна седница на Парламентот и изгласа резолуција, откако Мета ги повика граѓаните „да ја преземат судбината на државата во свои раце“.
Тој на вонредна прес-конференција,пред два дена истакна дека како претседател ќе биде бранител на Уставот и ќе се спротивстави на сите обиди за уништување и антидемократско однесување во земјата.
Според него, Албанија не може да се управува со резолуција, туку со Устав. Мета исто така рече дека Албанците нема да дозволат нова диктатура.
– Албанците треба во своите раце да ја преземат судбината на оваа држава, во одбрана на Уставот. Уставот е црвената линија. Претседателот ќе биде во директна нејзина одбрана. Претседателот ќе побара референдум за да ја одбрани Републиката, за да се одлучи дали ќе се врати во нова диктатура, порача Мета.
Ново на Сител
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
