-->
-->
Блокиран обидот на САД да го забрани кинескиот ВиЧет
-->
Американски судија го блокираше обидот на американската Влада да ја забрани кинеската апликација за плаќање и испраќање пораки ВиЧет (WeChat).
Судијката од Сан Франциско, Лорел Билер изјави дека забраната на оваа апликација иницира сериозни прашања во врска со Првиот амандман на американскиот Устав, кој гарантира слобода на говор, пренесува Би-Би-Си.
Таа го блокираше барањето на Министерството за трговија Епл и Гугл да го отстранат преземањето на апликацијата што требаше да се случи до синоќа.
Случајот дојде до суд откако група корисници на ВиЧет во САД ја оспорија извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, кој се обиде да ја укине апликацијата во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости