Блиска средба во морето: Тинејџерка храбро се пресмета со ајкула

Вистинска драма се одвиваше на плажата во градот Дестини на Флорида откако ајкула нападна девојка (17) која уживала во својот одмор.
Кејтлин Тејлор од Кентаки безгрижно си пливала кога за нога ја зграпчила речиси 2 метри голема ајкула. Меѓутоа тинејџерката останала присебна и ајкулата ја избркала со - рака. Ја удрила среде глава и таа побегнала.
Тејлор итно е пренесена во болнциа каде лекарите ја сошиле. Имала дури 80 конци, но имала среќа што животното ја промашила артеријата.

-Не беше длабока, можеше да стои и песокот. Ми рече дека ја свртела главата и ја видела ајкулата како бран ја носи кон неа. Се обидела да отплива до брегот, ама било предоцна, раскажа нејзината мајка за медиумите.
-Ми рече дека почувствувал како ајкулата за зграпчила за нова и ја повлекла кон дното. За среќа таа успеала да се заврти и да ја удри во глава. Потоа рибата побегнала...

Ново на Сител
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
-

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност
-

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт
-

Приведен е и вториот осомничен за фрлањето бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
-

Времето денеска променливо облачно со дожд
