Блинкен утринава допатува во Киев
– Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, утринава пристигна во Киев за уште еднаш да ја изрази поддршка за суверенитото на Украина, во време кога Западот стравува од можна руска инвазија на таа земја, пренесе ДПА.
Блинкен во текот на денот ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и со неговиот колега Дмитро Кулеба.
Во обид да дојде до смирување на тензиите околу Украина, во петок во Женева е планирана нова средба меѓу Блинкен и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, додава германската агенција.
Претходно во четврток американскиот државен секретар во Берлин ќе се сретне и со неговата германска колешка Аналена Баербок.
Москва негира дека планира напад врз соседната земја, но побара гаранции дека НАТО нема да се прошири во Украина и другите поранешни советски републики, дека нема да распореди оружје на тие територии и ќе престане да изведува воени вежби во близина на руската граница.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
