Блинкен: САД ќе испратат хуманитарна помош за Украина во вредност од речиси 54 милиони долари

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД ќе испратат хуманитарна помош во вредност од речиси 54 милиони долари за Украина.
Блинкен во изјавата рече дека средствата ќе бидат наменети за меѓународни хуманитарни организации за да обезбедат храна, вода, засолниште и здравствена заштита на Украинците на кои им е потребна помош за повторно обединување на семејствата поради руските напади, објави Си-Ен-Ен.
„САД го поздравуваат гостопримството што го пружаат соседните земји во регионот, кои ги примаат Украинците кои бегаат, а ние сме дипломатски посветени да ги поддржиме нивните напори да ги задржат отворените границите и да им помогнеме на оние што бараат меѓународна заштита”, рече Блинкен.
„Како и при секоја ситуација со бегалците, ја повикуваме меѓународната заедница да одговори на потребите на оние кои бараат заштита на начин што е во согласност со принципот на невраќање на бегалците и нашите заеднички обврски според меѓународното право”, истакна Блинкен.
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
