Блинкен го повика Израел да се ангажира во регионот, планот вклучува и пат до палестинска држава
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа го повика Израел да работи со умерените Палестинци и соседните земји на плановите за повоена Газа, велејќи дека тие се подготвени да помогнат во обновата и управувањето со територијата, но само ако постои „пат кон палестинска држава “.
САД и Израел се обединети во војната против Хамас, но остро поделени околу иднината на Газа, а Вашингтон и неговите арапски сојузници се надеваат да го оживеат мировниот процес на кој жестоко се противат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите коалициски партнери.
Зборувајќи на прес-конференција по средбата со највисоките израелски лидери, Блинкен на крајот од неговата турнеја низ јужна Европа и Блискиот Исток рече дека Израел „мора да престане да презема чекори што ја поткопуваат способноста на Палестинците сами да управуваат ефективно“.
Тој додаде дека Израел „мора да биде партнер на палестинските лидери кои се подготвени да го водат својот народ“ и да живеат „рамо до рамо во мир со Израел“.
Насилството на еврејските доселеници, проширувањето на населбите за Евреите, уривањето на домовите и иселувањето на Палестинците – „сето тоа го отежнува, а не олеснува Израел да постигне траен мир и безбедност“.
Американските власти ја повикаа палестинската управа, која управува со делови од Западниот Брег под израелска окупација, да ги „преземе уздите“ и во Газа. Израелските лидери ја отфрлија идејата, но не истакнаа конкретен план освен да кажат дека ќе ја задржат воената контрола на територијата.
Блинкен рече дека Саудиска Арабија, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Турција, земји кои тој ги посети, се согласиле да започнат со планирање за обнова и управување со Газа штом ќе заврши војната.
Лидерите на Јордан, Египет и палестинските власти треба да се сретнат в среда во јужниот јордански град Акаба на Црвеното Море.Блинкен рече дека треба повеќе храна, вода, лекови и друга помош да влезе во Газа и ефикасно да се дистрибуира. Тој го повика Израел „да направи се што е во негова моќ за да ги отстрани сите пречки за премините кон другите делови на Газа“
Ново на Сител
-

Трамп: Русија со години ги напаѓа сојузниците на Украина
-

Пентагон објави нови документи за НЛО
-

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
