Блинкен: Американските државјани веднаш да ја напуштат Русија
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија.
Предупредувањето се однесува на американски државјани кои престојуваат или планираат да патуваат во Русија.
„Длабоко сме загрижени поради руската објава дека американски новинар е уапсен. Највисок приоритет на Стејт департментот е безбедноста на граѓаните во странство“, напиша Блинкен на својот профил на Твитер.
Руската служба за безбедност (ФСБ) го приведе Еван Гершкович, новинар на американскиот весник „Вол Стрит Журнал“ (Wall Street Journal), под обвинение за шпионажа.
Според ФСБ, Гершкович „по инструкции на американската страна, собирал информации што се третираат за државна тајна за активностите на едно од претпријатијата на рускиот воено-индустриски комплекс“.
На новинарот, кој е уапсен во уралскиот град Екатеринбург, му се заканува казна до 20 години затвор.
Ново на Сител
-

Јаневска: Секој ученик ќе добие учебник навреме, патуваат книги и за дијаспората
-

Поради недостиг на кадар времено затворен одделот за имунологија на Детска клиника
-

Одбележан Денот на јавната администрација, признанија за АХВ, трансфорамција и акредитација
-

Претседателката постхумано ја одликува проф. д-р Наде Проева со орден „8 Септември“
-

Преглед на вестите од светот
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
