-->
-->
Блиц: Николиќ сака да биде претседател или амбасадор во Москва
-->
Претседателот на Србија, Томислав Николиќ ќе претендира на функцијата амбасадор во Руската Федерација, ако не биде кандидиран за следните претседателски избори што треба да се одржат напролет, објави белградскиот весник „Блиц“.
Весникот повикувајќи се на неименувани извори наведува дека ако Српската напредна партија (СНС) одлучи да го кандидира актуелниот премиер Александар Вучиќ за претседател, тогаш Николиќ очекува да стане амбасадор во Москва.
„Блиц“ истакнува дека во тој случај Николиќ очекува неговиот син Радомир да стане претседател на српскиот Парламент.
Николиќ изјави дека тоа се „измислици со цел да биде омаловажен“.
Датумот на претседателските избори во Србија се уште не е одреден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник