Македонија
21. February 2024 - 19:51

Бизнисмените очекуваат политичарите што е можно побрзо да ги надминат овие проблеми со личните документи

Во моментов нема големи проблеми кај извозно ориентираните компании поврзани со неможноста да се извадат личните документи, особено патните испрaви, но дококолку оваа ситуација потрае ќе остави длабоки траги врз нашата економија. Ова е ставот прилепските бизнисмени кои очекуваат во најбрз можен рок да се изнајде решение за оваа ситуиација.

„Сигурно дека ако оваа позиција потрае малку подолго дека целото стопанство ќе биде во незавидна положба, затоа што ќе си ја затвориме сами вратата за извоз и ова ако продолжи и понатаму ќе биде неподносливо опкружување за водење на бизнис. Очекувам дека што побрзи ќе се разрешат проблемите со документите за патување и дека нема да се најдеме во ситуација нашите компании кои имаат веќе договори за извоз да не можат да ги испочитуваат само заради бирократски проблеми“, вели Сашо Самарџиоски, потпретседател на Регионална стопанска комора Прилеп.

Бизнисмените очекуваат политичарите што е можно побрзо да ги надминат овие проблеми кои што може да имаат големи негативни реперкусии во иднина.

„Секако дека не е пријатно ограничувањето на слободата на движење, меѓутоа грешката е направена и сега треба максимално да се фокусираат оние чија задача е да ја надминат оваа грешка и што побрзо да се овозможи на секој Македонец непосредно и непречено да може слободно да се движи. Имав сознанија, имаше поплаки од неколку компании во централа и мислам дека централата презема одредени мерки за да ги надополни истите“, истакна Ирена Јакимоска, потпретседател на Регионална стопанска комора Прилеп.

Инаку Регионалната стопанска комора во Прилеп денеска избра нов претседателот, на местото од Ирена Јакимоска, во наредните 5 години комората ќе ја води Никола Мариновски.