-->
-->
Бизнисмени ќе сведочат на судењето за Рекет
-->

Тројца сведоци предложени од обвинителство сведочат денеска на судењето за случајот Рекет.
Свои искази треба да имаат бизнисмените Зоранчо Митровски и Томе Главчев, а во судницата ќе сведочи и Влатко Бошков.
Судењето за Рекет продолжува по две недели пауза, период кој обвинителството го користеше за распит на осомничените за Рекет 2, односно измамите правени преку невладината Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски.
Во случајот Рекет обвинети се екс шефицата на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски - Боки 13.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева за „злоупотреба на службена положба и овластување“ како и „примање награда за противзаконито влијание“.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
