Бизнисмен од Македонија загина во страшна сообраќајка во Хрватска
Македонски бизнисмен и неговиот пријател од Загреб загинаа во страшна сообраќајна несреќа којашто се случила викендов во центарот на Медулин, најпознатото туристичко место на Истра, Хрватска
Според тамошните медиуми, во несреќата што се случила во 2 часот по полноќ, животот го загубиле 47-годишник од Загреб, кој управувал со возилото „форд мондео“ и 43-годишниот совозач – негов бизнис-партнер од Македонија. Тие со огромна брзина удриле во столб за осветлување, а потоа и во разводната кутија, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со струја, како и во телефонската мрежа.
Хрватските медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации, известуваат дека 47-годишникот од Загреб бил на службен пат во Истра, заедно со неговиот бизнис-партнер од Македонија. Имал сопруга и три деца. Несреќата се случила на раскрсницата на улиците Брајдина, Рибарска и САД, кога возилото, навјеројатно, најпрво преминало на спротивната коловозна лента, по што се вратило налево, удрило на тротоарот, потоа во столб за осветлување и на крај заврпило во бетонски столб каде што имало разводна кутија. Двајцата загинале на местото на настанот, а од возилото не е останато речиси ништо.
Со помош на пожарикарите бил исечен лимот од уништеното возило и биле извлечени телата на загинатите.
Од силата на ударот бил предизвикан проблем со снабдувањето со струја – осум кабли за струја биле прекинати, како и оптичкиот кабел, што предизвикало прекин и на интернетот, но и на телефонските линии. Бил предизвикан проблем и при работата на банкоматите и ПОС-уредите во некои од околните дуќани.
„Не знам кои се загинатите мажи, знам само дека не се од Медулин. Претпоставувам дека се гости“, вели еден од келнерите кој работи во ресторан во близина на местото каде што се случила несреќата.
://24sata.hr
Ново на Сител
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада