Бизнис
10. March 2017 - 9:01

Бизнис конфедерацијата на средба со претприемачи од прилепскиот регион

Деловна средба со претприемачите на компаниите од прилепскиот регион денеска ќе се одржи во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп во организација на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

На средбата, претставниците од Бизнис конфедерацијата ќе ги слушнат проблемите и очекувањата на бизнис заедницата по што заеднички ќе ги постават приоритетите и ќе се изнајдат решенија за подобра бизнис клима. Ќе се разговара и за предлог-политики за надминување на проблемите со кои се соочуваат микро, малите и средните препријатија.

Се очекува присуство на претприемачи и претставници на компаниите од регионот.