Бизарна трагедија во Македонија: Едвај повикал помош па починал во болница

Шеесет и девет годишниот Ј.П. од село Живојно го загуби животот во несреќен случај регистриран од полицијата во саботата околу 15 часот и 15 минути.
Како што информираат од МВР, Ј.П. изведувал земјоделски работи со трактор на кој била приклучена сеалка. Во еден момент се симнал од истиот за да изврши дотур на семенски материјал, по што тракторот кој се наоѓал на стрмен терен се придвижил. Ј.П се обидел да со сопре, но бил оттурнат од силината на тракторот во движење. Истиот паднал, а тракторот со сеалката поминале врз него.
Со повреди, но во свесна состојба Ј.П. успеал преку мобилниот телефон да повика помош, по што бил пренесен во битолската болница.
За жал, истиот ден околу 21 часот и 45 минути им подлегнал на повредите. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Ново на Сител
-

Во текот на вчерашниот ден шест пријави за семејно насилство, три лица уапсени
-

Сообраќајната статистика во Куманово бележи умерено подобрување, зголемен број санкции
-

Македонските кикбоксери со шест медали на Светскиот куп во Италија
-

ЈО: Ивана била тепана, изложена на закани и сурово психички малтретирана
-

Вработен во комунална хигиена натепал вработен во внатрешна контрола
-

ЈСП демантира дека автобуската линија 35 е укината
-

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран и ДПИ постапува, вели Јаневска
-

Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми за злоупотреба на договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми
