Фудбал
31. October 2017 - 13:13

Бизарна повреда на натпревар: Соиграчот му го искина пенисот, му го закрпија со 10 конци

Фудбалерот на Албасете Маријано Битоло долго ќе го запамети натпреварот против Хуеске во рамките на 12. коло на Сегунда.

Битоло во 82. минута од натпреварот заработи бизарна и тешка повреде по судирот со соиграчот Роман Зозуљо.

Во сударот на двајцата Аргентинци Битоло заработи повреда на пенисот, толку тешка што по завршувањето на натпреварот мораше на операција при што машкоста му ја закрпиле со 10 конци.