Живот
1. December 2017 - 16:40

Бизарен љубовен триаголник: Жената му стана билка, а тој со негувателката во другата соба прави нешто шокантно

Британецот Грег Ормондројд (31) чија сопруга Дона (36) со која има четири деца, вегетира веќе две години, се вљубил во негователката и ја довел во домот во кој неговата сопруга сега живее како билка.

Негователката Ен Робинсон ја напушти работата во болницата, а семејството на несреќната жена размислува да покрене тужба зошто таа негова постапка ги повредила.

Дона дојде до трајна вегетативна состојба откако се онесвестила по тешко оштетување на мозокот. Лекарите ја ставиле во вештачка кома, а по три недели ја разбудиле, но од тогаш вегетира и и е потребна 24 часовна нега секој ден.

-Доволно е страшно тоа што Дона, која беше ведра и полна со живот, преку ноќ стана личност на која и треба нега 24 часа дневно. Нејзините родители се вознемирени поради врската на Грег со негователката и фактот дека Ен се доселила кај нив, рече семејна пријателка и додава дека „сето тоа се одвива пред носот на Дона и нејзините деца, а таа ништо не може да направи против тоа“.

-Луѓето кои ги гледаат работите од страна не знаат како навистина изгледа мојот живот. Имам деца и сопруга за кои се грижам и не сакам натаму да коментирам. Светот потполно ми се сврте, сакам само мојата сопруга да си дојде ан себе. Потребни и се децата, и ако нешто може да ни ја врати, тоа се тие,изјави Грег Ормондројд.