Битолчани поразени на гостувањето кај европскиот шампион

Ракометарите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вечерва претрпеа пораз 36:26 на гостувањето кај европскиот првак Магдебург. Домашниот тим ја потврди фаворитската улога и остана единствената непоразена екипа во групата, додека битолчани се на претпоследното место со една победа во првото коло против Загреб.
Резултатска неизвесност имаше до средината на првиот дел кога Магдебург имаше гол предност, а последен пат беше 8:7. По овој резултат следуваше серија 4-1 за бундеслигашот за 12:8 и на полувреме беше 19:13 за Магдебург.
Во вториот дел Е.Пелистер намали на 22:18, но до крајот на дуелот домашниот тим беше убедлив и стигна до двоцифрена победа 36:26.
Најефикасен на дуелот беше Омар Магнусон со 10 голови (без промашување), а кај Еурофарм Пелистер Филип Кузмановски постигна 6 голови.
Македонскиот шампион следниот натпревар го игра на домашен терен на 12.ноември против ПИК Сегед.
МИА
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
