Битиќи – Техада: Соработката е извонредна, продолжува швајцарската поддршка на реформите и македонскиот евронтеграциски пат
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада, на која набрзо и завршува мандатот во земјава.
Битиќи упати благодарност за личниот ангажман на амбасадорката во процесот на спроведување на реформите во нашата држава, но и до Швајцарија, која уште од 1992 година е една од земјите кои даваат најголема поддршка во политичкиот, општествениот и економскиот развој и една од најголемите донатори на Македонија, како и силен поддржувач на евроинтеграцискиот пат.
Вицепремиерот констатираше дека во изминатиот период, со швајцарска поддршка, преку Амбасадата и Швајцарската агенција за развој и соработка, се реализирани голем број проекти со кои се овозможени подобри услови за живот и подобар животен стандард за граѓаните.

Економската соработка помеѓу двете земји бележи континуиран раст, се зајакнуваат врските помеѓу компаниите и владите од двете земји, а овој процес ќе продолжи да се движи во позитивна насока и понатаму, се согласија вицепремиерот и амбасадорката.
Во изминатиот период Швајцарија даде силна поддршка во проекти за рамномерен регионален развој, за подобрување на конкурентноста и за зголемени можности за вработување, а поддршката од Швајцарија продолжува и ќе се реализира согласно Швајцарската програма за поддршка на земјава во периодот 2021 – 2024 година, која беше претставена неодамна.
Вицепремиерот Битиќи упати честитки за успешниот мандат на амбасадорката Зутер Техада и посака уште поголем успех на нејзината следна должност.
Ново на Сител
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
-

ВМРО - ДПМНЕ обвинува за синдикалните протести
-

Цената на нафтата повторно расте - Иран се закани: Ќе стигне до 200 долари
-

Преглед на вестите од светот
