Битиќи: Разговараме за две нови инвестиции од 300 милиони евра

Само во текот на оваа седмица, во изминатите два дена, остварив средби со две компании кои планираат инвестиции од околу 300 милиони евра, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Од понеделникот имам состаноци за инвестиција од 300 милиони евра, односно за две, едната се заснова на стратешка инвестиција, а другата се заснова на странска инвестиција. Едната е комплекс на различни работи коишто се поврзани, двете се поврзани со металуршката индустрија, крајни производи во градежништвото. Едната е странска, другата е домашна инвестиција, но зборуваме за сума од 300 милиони евра, откри Битиќи, во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ зборувајќи за интересот на компании од странство да инвестираат во Земјава.
Имав на гости, додаде, странски инвеститор и кога зборувавме за висина на платите рекоа дека ќе вработат 60 луѓе, но со 30 отсто повисока плата од просечната.
-Нам ни требаат такви инвеститори, кои ќе се приклучат кон владината политика за повисоки плати и кон заштита на секое работно место, рече Битиќи.
Прашан дали индексот за корупција влијае на интересот на странските компании да инвестираат во нашата земја и за критиките од опозицијата дека некои од странските инвеститори ги раскинале договорите за државна помош, вицепремиерот Битиќи објасни дека станува збор за праведно и правично постапување кон договорените обврски на двете договорени страни.
-Оние странски инвеститори кои не ги исполниле обврските од потпишаните договори, ние не можеме да ги молиме да останат во државата, туку постапивме согласно договорните обврски и одлучивме да ги раскинеме договорите за државна помош. Договорите не се раскинати на барање на компаниите, туку на иницијатива на Владата, на мојот Кабинет и тоа е направено исклучиво затоа што тие компании не ги исполнија договорните обврски од нивна страна. Дел од тие компаниите, кои во дадениот рок од две години, не успеале да ја реализираат инвестицијата, веројатно ќе се вратат и ќе побараат нови договори, но има и други нови компании со кои разговараме за реализација на инвестиции во нашата земја, објасни Битиќи.
Ново на Сител
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
