Битиќи: Очекуваме следната година инфлацијата да биде од 2 до 2,5 отсто исто како и растот на БДП
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека земјава во текот на наредната година ќе се врати на нормалните години на стапките на инфлација и покрај тоа што, како што вели, ќе биде година на закрепнување од сите економски неприлики што се случија или што се случуваат веќе четири години од 2020 година.
-Последниот податок укажува дека тенденцијата и трендот на намалување на инфлацијата веќе не носи таму кај што сме биле. Очекуваме следната година да бидеме на нивото од 2 – 2,5 отсто на инфлација и толкав ист годишен раст на БДП, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Кочани каде е заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Kaja Шукова и заменик министерката за здравство, Маја Манолева.
Нагласи дека и покрај тоа што наредната година има два изборни циклуси – претседателски и парламентарни избори, треба да се направи се за да не направат негативно влијание врз економијата.
-Сметам дека треба умешно да ги искористиме месеците што ги имаме на располагање за да не направиме негативно влијание на економијата и со тоа да го вратиме реалниот живот на граѓаните во реалните стапки на раст, потенцира Битиќи.
Ново на Сител
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава