Битиќи: На 16-ти март цените на тестенините и млечните производи ќе бидат според владините одлуки
Речиси при крај се анализите кои треба да покажат дали ќе бидат замрзнати цените на шеќерот, јајцата и оризот, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Владата ќе причека, како што рече Битиќи, анализите да стигнат официјално од Министерството за економија, за да се продискутираат.
Во однос на цените на тестените и млечните производи кои до задутре, 16 март, треба да бидат пониски за 15, односно 10 проценти, Битиќи истакна дека засега намалувањето е многу мало.
-Намалувањето е многу мало, но реакциите се позитивни дека на 16 март сите веќе ќе имаат намалени цени, според она што беше дефинирано. Секако на 16-ти производите ќе стигнат до цената која е зададена, не гледаме дека нема волја од другата страна, напомена Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претставниците на германското стопанство.
Според вицепремиерот, одлуките за замрзнување на цените не се носат за да се наштети некому, туку за доброто на сите граѓани.
-Секоја мерка се носи за добро на граѓаните. Не сакаме да нанесеме штета со воведување мерки „од денеска за утре“ зашто сме свесни дека одредени суровини се се одредена цена. Затоа дадовме временски период од скоро една недела, за компаниите да потрошат одредени залихи и да почнат со замрзнати, пониски цени. Секоја мерка се носи за доброто на граѓаните, притоа не сакаме да нанесеме штета никому зашто заеднички настапуваме во периодот на криза за да излеземе од неа, нагласи Битиќи.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија