Битиќи, Азески и Хоџа на Бизнис форум во Хрватска
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува и ќе се обрати на Бизнис форум со Стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.
Бизнис форумот го организира Хрватската стопанска комора, а ќе учествуваат и претставници од Македонските стопански комори, меѓу кои и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на северно-западна Македонија Неби Хоџа, како и голем број на компании од двете земји.
Од кабинетот на Заменик-претседателот на Владата информираат дека во рамки на Бизнис форумот, вицепремиерот Битиќи ќе оствари и билатерална средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура Олег Бутковиќ.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава