-->
-->
Бил застрелан трипати - наставник спречил масакр во училиште во САД
-->
Ученик, вооружен со два пиштола, вчера отворил оган и повредил еден ученик и еден наставник во средното училиште во Индијана, информираат американските медиуми.
Наставникот Џејсон Симен од училиштето во Нобелсвил во американската држава Индијана, бил застрелан трипати кога го совладал ученикот на под и ги спасил неговите ученици.
Ученикот Итан Стоунбрејкер изјави дека најверојатно ќе имало уште ранети, ако еден наставник не го совладал напаѓач, кој го извадил пиштолот и отворил оган додека класот пишувал тест.
- Нашиот наставник веднаш скокна врз него, го зеде пиштолот и го сруши на подот. Да не беше тој, сигурно ќе имаше уште повредени, вели Стоунбрејкер.
Властите веруваат дека напаѓачот дејствувал сам, но не дадоа повеќе информации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница