Бил мртов 45 минути - Се разбудил и открил неверојатна визија за живот после смртта
Овој човек изгубил пулс 45 минути, но се разбудил со неверојатна визија за задгробен живот.Камионџијата од Охајо го шокирал болничкиот персонал кога се вратил во живот, откако скоро еден час изгубил пулс, по силен срцев удар, но тој тврди дека она што го видел во текот на тие напнати моменти го убедило дека постои задгробен живот.
Брајан Милер (41) ја отворал приколката кога осетил дека нешто не е во ред со него. Веднаш викнал брза помош и на операторот му рекол: Јас сум возач на камион и мислам дека доживувам инфаркт. Неговата главна артерија била во целост блокирана, предизвикувајќи срцев удар.
Лекарите во болницата успеале да ја отстранат блокадата, но откако се освестил и се ослободил од болката раскажал што му се случувало. Единствената работа на која се сеќавам е дека светлина кон која тргнав да чекорам. Одев по пат обложен со цвеќе кон светлината, се додека не наидов на својата маќеа која неодамна почина.
Таа беше најубавата работа која ја видов, изгледаше многу среќно, исто како првиот ден кога ја запознав. Ме фати за рака и ми рече:
„Не е ова твое време, не треба да бидеш овде, мораме да те вратиме назад, имаш уште многу работи да завршиш“. Среќен што се вратил меѓу живите, Милер сега вели дека за една работа е сигурен: „Постои задгробен живот и луѓето мора да веруваат во тоа“.
Ново на Сител
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња