БиХ: Загинаа четири лица во сообраќајка

Синоќа околу 20:30 часот на магистралниот пат Прњавор-Дервента во Штрбци се случи тешка сообраќајка во која загинаа четири лица, пишува „Тузлански“.
Во сообраќајната незгода учествувало „пежо“, кое го управувало лице чиј идентитет подоцна ќе се утврдува, а другиот учесник во несреќата бил Б.Ѓ. (26) од Прњавор, кој управувал „пасат“.
„Во сообраќајната несреќа загинаа четири лица кои се наоѓале во возило „Пежо“. Истрагата на лице место ја спроведе дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Бања Лука, Синиша Врањеш, заедно со полициски службеници од полициската станица Прњавор“, соопштение е од Окружното јавно обвинителство Бања Лука.
Обвинителот нареди да се преземат сите потребни истражни дејствија и мерки, како и вештачења за утврдување на сите околности на сообраќајната незгода, пренесуваат босанските медиуми.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
