БиХ: Парламентот на РС поддржа барања за промени во Уставниот суд

Парламентот на Република Српска синоќа го поддржа планот на лидерите на тој ентитет за блокирање на работата на властите во БиХ се додека не се донесе новиот закон за Уставниот суд. Претставниците на владејачкото мнозинство и опозициските партии со српски знак гласаа на седница во Бања Лука.
Заклучоците предвидуваат дека во рок од два месеца треба да се направи обид да се смени Уставниот суд на БиХ, односно да се отстранат странските судии од неговиот состав. За тоа време српските претставници во телата на власта во БиХ нема да учествуваат во донесување какви било одлуки.
Таквата мерка претходно ја предложија членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик и претседателот на РС, Жељка Цвијановиќ, како одговор на пресудата на Уставниот суд на БиХ, со која се заклучи дека земјоделско земјиште што има статус на јавно добро не може да биде во сопственост на ентитетот, туку исклучиво на државата.
Ново на Сител
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
-

Во Штип отворен центар за менаџирање на дебелината
-

До крајот на годината Сејф сити и во Струмица
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
