Балкан
18. July 2016 - 14:01

БиХ го парафира изментиот Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ

Во Сараево денеска е парафиран изменетиот Договор за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и нејзините држави членки и БиХ, јави РТРС.

Договорот го парафираа шефот на преговарачкиот тим на БиХ, Хамдо Тињак, и шефот на делегацијата на ЕУ во Сараево и специјален претставник на Унијата во Босна и Херцеговина, Ларс-Гунар Вигемарк.

Парафирањето на Договорот за стабилизација и асоцијација е услов за најавената германска помош за земјоделците во БиХ, потребна за намалување на негативните ефекти од Договорот, но и за потпишување на Писмото за намери со ММФ за кредит за БиХ.

Властите во Босна и Херцеговина и Европската комисија на 16 јуни 2008 година го потпишаа Договорот за стабилизација и асоцијација, а од 1 јули истата година во сила стапи и Привремениот договор за трговија и трговски прашања.