Би-Би-Си: Договорот меѓу Меј и унионистите од ДУП се одлага за идната недела
Договорот на премиерот Тереза Меј и Демократска унионистичка партија (ДУП) за парламентарна поддршка на новата британска малцинска влада, се одлага за идната недела - потврди Би-Би-Си, повикувајќи се на свои извори во северноирската партија од Белфаст.
Новото одлагање за постигнатата согласност за „договор за доверба“ меѓу ториевците и ДУП, според недентификуваниот извор, овој пат, се објаснува со „неприкладноста на моментот“, по катастрофалниот пожар во една лондонска станбена кула во која досега има десетина мртви и педесетина полесно и потешко ранети.
Изворот на кој се повикува Би-Би-Си, меѓутоа, тврди дека двете страни се „блиску до договор“ и инсистира на тоа дека не станува збор за криза во преговорите.
Според негово објаснување, двете страни се наоѓаат во фаза на финализирање на „термините и условите“ за меѓупартискиот договор.
Веста за уште едно одлагање, доаѓа по синоќешната средба на премиерот Меј и лидерот на ДУП, Арлен Фостер, во Лондон.
Претставник на Даунинг стрит 10, денеска одби да ги коментира тврдењата на британскиот јавен сервис, освен што кажа дека „веста за одлагање на објавувањето на договорот, доаѓа од другата страна“.
Доколку се покаже точно поместувањето на конечното спогодување на ториевците и на ДУП, тогаш ќе се одложи планираниот говор на кралицата Елизабета во Парламентот, што е утврден за 19 јуни, а ќе се одложи и почетокот на преговорите на Лондон со Брисел за Брегзит.
Договорот не претставува коалицирање на конзервативците со унионистите од Северна Ирска, туку само обезбедување поддршка за малцинската влада на Меј, за најзначајните прашања во парламентарната процедура, како што се говорот на кралицата, или буџетот на земјата.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј