Безживотни тела на кучиња по улиците на Виница

Грозна слика ги вознемири виничани, откако изминатите денови на улицата Димитар Герасимовски Дидо во овој град нашле неколку отруени кучиња како безживотно лежат на асфалтот.
Градоначалникот на Виница Ивица Димитров за Слободен печат вели дека не е првпат да се случува ова и дека на оваа улица и пред неколку години имало отруени животни.

-Некој несовесен граѓанин најверојатно ставил отров. Вчера утрото ме известија граѓани, па јас го известив комуналниот инспектор и го пријавив случајот лично во полиција. Понатаму тие ќе преземаат мерки, се слушнав и со јавниот обвинител и да видиме како ќе постапат. Беа четири кучиња на фотографиите и после уште две имаше најдено пред некои контејнери. Дел од кучињата беа скитници, некои беа домашни миленици. И луѓето што ме информираа се јавија во полиција и се надеваме дека сторителот ќе биде откриен. Пред неколку години кога не бев градоначалник, имаше колку што се сеќавам некој ваков случај на истата улица, ни рече Димитров.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
