-->
-->
Безрезервна поддршка од Турција за членство на Македонија во НАТО
-->

Освен со Јилдирим, Шекеринска се сретна и со министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу кој потврди дека турската безрезервна поддршка за зачленување на Македонија во НАТО продолжува, а ќе биде искажана и на министерскиот состанок на Алијансата во април, како и на Самитот во Брисел во јули.
Како што соопшти Министерството за одбрана на РМ, Шекеринска се заблагодари за поддршката и истакна дека политиката на отворени врати на НАТО е многу важна за Македонија.
- Добриот збор, железни врати отвора. Го очекуваме и сметаме на вашиот добар збор, рече министерката.
Изрази надеж дека ситуацијата од 2008 година сега може да се промени.
- Работиме на домашните реформи и на решавањето на проблемите кои стојат на патот кон членство во НАТО, потенцира Шекеринска.
Македонија, дополни, стои зад заклучокот на Турција дека безбедноста на Македонија е важна за регионот и пошироко.
Средбите со премиерот Јилдирим и министерот за надворешни работи Чавушоглу ја заокружија официјалната посета на Шекеринска на Турција која почна со средба со домаќинот, министерот за национална одбрана Нуретин Џаникли, на чија покана се реализираше престојот во Анкара.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева
-
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци
-
Приведен 44-годишен маж од Велес, турнал жена и ѝ ја украл ташната
-
Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите
-
За пет дена 102 починати поради жешкото време во Шпанија
-
До вторник високи температури, во недела услови за дожд, а од среда заладување
-
18-годишник и малолетник силувале две малолетни сестри и ги снимале со телефон во Тетово