Бездушен грабеж: Крадци украле пакетчиња за хендикепирани деца
Најтажната новогодишна слика пристигннува од Сомбор, а ја засведочил сомборец кој вчера пошол на риболов. Во канал покрај еден мост Игор Боца наишол на најбездушната депонија – преку 300 празни новогодишни и божиќни пакетчиња кои им ги испратиле децата од Германија на своите другарчиња во Србија, биле отврени, испразнети и расфрлани под мостот.
„Некој им ги украл пакетчињата на децата. Срамота! Некои од нив се и за деца со ментални пречки“, напишал Боца под фотографијата што ја објавил на социјалните мрежи.
Тој вели дека го пројавил случајот, но полицијата вели дека ѝ се врзани рацете.
-Откако пријавив, дојдоа полицајци да направат службена белешка. Им раскажав, а кога ги прашав пто ќе направат, ми рекоа: Не можеме ништо, зашто никој не пријавил кражба на пакетчиња. Вака – нема пријава – нема кражба.
Граѓани на Сомбор тврдат дека гледале такви пакетчиња и на пазарите и на тезгите на уличните препродавачи, а според нив овие поакетчиња ги дели Друштвото за српско-германско пријателство „Герхард“. Во нив има училиштен прибор, играчки, капчиња и шалчиња…
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија