Бездомник од Калифорнија освои милион долари на лотарија
Неименуван бездомник од Калифорнија освоил милион долари на лотарија откако купил билет во локална продавница за алкохол која често ја посетува, пишува Гардијан.
- Тој влезе во продавницата, ја изгреба картичката и рече: „О Боже, дали е ова реално?“ „Човеку, јас повеќе не сум бездомник!“, изјавил менаџерот на продавницата, потсетувајќи се на ноќта кога била освоена наградата.
Победникот првично мислел дека освоил 100.000 долари, пред неговиот менаџер да посочи дека тоа всушност е милион.
Менаџерот, исто така, го возел победникот, кој нема автомобил, до Фресно за да може лично да го предаде билетот наместо да го испрати по пошта.
Човекот планира да купи куќа и автомобил со освоените пари, додавајќи дека оваа победа му го „променила животот“.
Шансите да се добие награда од милион долари се еден спрема 2.047.423, според Калифорниската лотарија.
Ново на Сител
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот