Македонија
28. July 2016 - 17:20

Без вода утре корисниците на две улици во Центар

Прекин во водоснабдувањето утре од осум часот ќе имаат корисниците од ул. Иван Милутиновиќ во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиено известување од ЈП  Водовод и канализација, прекинот ќе биде поради промена на вентил во шахта на бул. Партизански  одреди бр. 27 и ќе трае до завршување на зафатот. 

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на ул. Раде Јовчевски Корчагин 29, прекин на водоснабдувањето утре ќе имаат  и корисниците од населба Маџир Маало во Центар.

Прекинот ќе почне од 10 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.