Македонија
3. March 2019 - 15:49

Без вода утре дел од населба Центар

Поради дефект на шибер ф – 80 на раскрсницата Дебарца со улицата „Костандин Кирков“ во населба Центар, прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците ул. „Никола Тринпаре“, „Борка Талевски“, „Костадин Кирков“ и дел од ул. „Дебарца“ во таа населба.
Како што соопштија од РЦУК-Скопје, по известување добиено од ЈП Водовод и канализација прекинот во снабдувањето со впда ќе трае од 09:00.часот до санирање на дефектот.