Македонија
9. December 2015 - 13:23

Без вода повеќе скопски села и дел од општина Ѓорче Петров

Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од селата Шишево, Горна и Долна Матка, Глумово, Љубин, Грчец. Крушопек, Арнакија, висока зона во населбата Дексион во Ѓорче Петров, улицата 4 ти Јули  и Геријатрија.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во Електро-системот од страна на ЕВН при што без напојување со електрична енергија ќе остане пумпната станица Сарај. Прекинот ќе биде се до санирање на дефектот